ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на дека ФИРОМ е името кое тие го одбираат.
Во соопштението се вели:
Радмила Шекеринска дрско лаже. Таа по којзнае кој пат ја излажа македонската јавност. Фактите го говорат спротивното. На списокот на Социјалистичката интернационала, каде што СДСМ е членка набљудувач СДСМ е заведена под името FYR Macedonia. Референцата ФИРОМ, впрочем е наследството кое на државата и го остави СДСМ кога ги распродаваше националните интереси на државата. Токму за референцата ФИРОМ, СДСМ ја лажеше јавноста дека ќе трае само неколку месеци, а на крајот остана вечен товар на нашата земја кој до ден денес го носиме.
Да е уште полошо, Радмила Шекеринска и во денешната изјава ги повтори истите зборови и аргументи кои што ги користат грчките дипломати кога ја блокираат Македонија. Таа изнесува квалификации за сопствената земја, со што им дава аргументи на политичарите во Грција да ја спречат Македонија во нејзината европерспектива.
Со ваквото однесување на Шекеринска, кое е спротивно на интересите на државата, таа се претвори во најголемиот адвокат на Грција и нејзин амбасадор во Република Македонија.
Не можеме да ја разбереме потребата на Радмила Шекеринска да излегува со вакви ставови кои одат директно на штета на Република Македонија. Нејзиното однесување и јавни настапи се најдобриот аргумент кој што таа и го дава на Грција да продолжи неоправдано да ја блокира евроинтеграцијата на Република Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.




