Преку пишана реакција, партијата на власт ја повика пратеничката од СДСМ Радмила Шеќеринска, да одговори кој е станот за кој таа наплаќа месечна кирија од 5.317 евра, дали е тоа пазарната цена за изнајмување на станот, колку години досега го издава овој стан и колку вкупно приходи остварила по основ на издавање на станот од почеток па до денес, образложувајќи дека таа со денешната изјава не дала конкретни одговори.
– Ја прашуваме Шеќеринска, дали во овој случај станува збор за сомнителни приходи кои таа ги добива за изнајмување на станот? Бараме од Радмила Шеќеринска да го приложи договорот во кој пишува дека некој сам на себе си плаќа кирија од 5.317 евра месечно, стои во реакцијата.
Оттаму велат Шеќеринска ја фаќа „паника и нервоза поради неможноста да даде образложение за сомнителните трансакции“.




