Конфузното раководство на СДСМ повторно се обидува да ја манипулира јавноста во случај каде се е документирано и чисто, соопштува ВМРО-ДПМНЕ, за случајот стан на мајката на генералниот секретар Божиновски.
-Очигледно, СДСМ очајно се обидува да ја дефокусира јавноста од тендерските скандали поврзани со нивниот лидер Зоран Заев, креирајќи лажна перцепција и вештачки случаи.
За случајот со генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, дури и СДСМ вчера призна и е свесна дека нема ништо незаконско и дека овој случај го користи само за да го оттргне вниманието од скандалите поврзани со нивниот лидер Зоран Заев.
Податоците за имотната состојба на г-динот Кирил Божиновски се јавно достапни и апсолутно немаат никаква поврзаност со семејната заедница на неговите родители во која веќе две години тој не живее. Додека, промената на брачниот статус на Божиновски е верификувано од надлежните органи за кој постоти валидна документација.
Од СДСМ се лажат дека со вакви монтирани случаи ќе успеат да го прикријат нивниот лидер Зоран Заев и дека јавноста ќе ги заборави скандалозните тендери во Струмица.
Наместо да држат прес конференции на веќе оддамна апсолвирани теми и монтирани случаи, СДСМ и Зоран Заев треба да излезат и да и објаснат на јавноста за скандалите кои ги пратат долго време.
Колку и да се обидуваат луѓето од врвот на СДСМ да го скријат Зоран Заев, тој мора конечно да се појави во јавноста и на граѓаните да им ги даде одговорите на долго поставуваните прашања, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.




