Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Со денешните сечени и прелепувани материјали Заев си даде автогол

0
By Нова ТВ on April 28, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2015 17:07

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешната, 27 по ред „бомба“ на опозицијата, со која лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека шефот на УБК Сашо Мијалков и неговиот братучед, премиерот Никола Груевски масовно прислушувале над 20 илјади граѓани под псевдоними, во ексел програми и преку опрема од УБК.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите разговори се креирани, сечени, лепени и прелепувани, а лидерот на СДСМ – Зоран Заев со нивното објавување си дал автогол.

„Очигледно е дека во СДСМ се сеуште во шок по фијаското и дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар и по пораката од граѓаните дека не ја подржуваат деструктивната политика на СДСМ, па со денешната прес конференција на Зоран Заев на која објавуваше креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали чија веродостојност не е утврдена си дадоа нов автогол. И покрај тоа што дополнително покажаа дека одработуваат единтвено за туѓи интереси, покажаа и дека немаат никаков капацитет и кредибилитет за водење на реална политика. Заев е толку завлезен во деструктивност што веќе навлезе и во сопствено и партиско дефакторизирање и автодеструкција.

Со својот настап и со денешните креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев си даде автогол и потврди дека токму агентурната мрежа на неговиот соработник Зоран Верушевски незаконски вршела прислушување за пари и по инструкции на Верушевски, со што ги потврди основните на сомнение кон обвинетите во случајот Пуч. На сите им е јасно дека Заев и неговата група, како што впрочем и самите признаа пред институциите, го организирале прислушкувањето и делувале во соработка со странските елементи. Најприслушкувани биле луѓето од државниот врв што укажува дека ниту Груевски ниту Мијалков не дале наредба да се прислушкуваат самите себе. Соочен дека никој веќе не им верува и дека нема никаков ефект од ова што го прави, Заев прибегнува кон вакви апсурдни, површни и тргикомични прес конференции со кој самите се посипуваат со пепели во кои и самите не си веруваат во неточниот наратив кој сакаат да го наметнат, но на кого никој не му верува.

Не навлегувајќи во дворските и византиски местенки и игри во СДСМ, и во тоа кој кого во СДСМ сака да го пушти низ вода, сакаме само да истакнеме дека со овие креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали Заев потврди дека измените на законот за следење на комуникации се донесени во транспарентна и демократска процедура, во процес на политички дијалог и со меѓународна верификација, и истите се изгласани и поддржани од пратениците на СДСМ меѓу кои и Радмила Шекеринска, Емилијан Станковиќ, Весна Бендевска, Митре Велјановски, Маринела Тушева, Тито Петковски и останатите. Ова е уште една потврда дека вистината не е во монтираните, сечени и прилепени разговори, туку во она што навистина се случило.

Во однос на фалењата на Заев дека поседува еден куп незаконски прислушкувани и креирани, сечени и монтирани материјали и смс пораки, СДСМ може да кажат дека доставиле и 5 милиони страници материјали, но ако во нив нема ниту еден аргумент како што очигледно во овие до сега објавени материјали на Заев нема, тогаш залудно им е се. Бројката не е воопшто предиспозиција и показател за квалитетот.

Свесен дека ова сценарио не му поминува тој повторно се заканува со насилство, со тензии и конфликтност, но Заев треба да знае дека секоја негова постпака во таа насока ќе биде остро осудена од страна на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ кој нема да дозволиме државата да биде заложник на неговото сценарио.

Зоран Заев се поочигледно влегува во сопствената кал и секое негово сценарио се распрснува и разобличува. Граѓаните испраќаат јасна порака дека не го подржуваат ваквото однесување на Заев. Ова е прес конференција на човек кој е свесен за своето злодело и лошо одбран начин да се вади од одговорност. Ова е алиби прес конференција во која Заев сака да се убеди прво себе и своите а потоа да ја убеди јавноста во нешто што е крајно нелогично и сулудо. Уплашен од доказите и сега импровизира и лаже бесрамно. Ова покажува дека стравот ги тера да прават клучни и стратешки грешки.“ се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.