Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: Со лековите на рецепт СДСМ ја дефокусира јавноста

0
By Нова ТВ on April 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мехмедовиќ ја продолжува праксата на СДС, со манипулации и невистини во своите соопштенија и прес конференции да се обиде да ја дефокусира јавноста од темата за Тиранската Платформа, кои очигледно оваа партија во целост ја има прифатено.

Ниту една безочна лага не може да ги покрие фактите и бројките кои покажуваат колкава разлика е постигната во здравството во време на СДС и во време на ВМРО-ДПМНЕ.

“Владата на СДС во 2002 година одвојуваше само  1 милијарда денари кои биле искористени за 8 милиони рецепти, 2003 СДС одвојуваше 1.2 милијарди денари за 8.5 милиони рецепти, 2004 СДС одвојуваше 1.6 милијарди денари за 10 милиони рецепти 2005 СДС одвојуваше 1.4 милијарди денари за 9 милиони рецепти.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2016 издвои 2.55 милијарди денари за 22.2 милиони рецепти, а за 2017 години 2.75 милијарди денари.  Во 2005 година имаше договори со само 40 правни лица кои издаваа лекови на рецепт, сега се 776 аптеки низ цела држава. ВМРО-ДПМНЕ одвојува повеќе од двојно средства за лекови на рецепт во споредба со СДС”, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Достапноста на квалитетни лекови за сите осигуреници во Македонија е континуирана заложба Владата на ВМРО-ДПМНЕ и во 2016 година на граѓаните им овозможи поголема достапност на лекови, олеснување на начинот на добивање лек на товар на Фондот. Во 2016 година, бројката на лекови на товар на Фондот достигна 1210 лекови по заштитено име од различни производители, односно 427 генерики со фармацевтска дозажна форма и јачина од кои 75% се лекови за кои осигурениците не треба да плаќаат дополнителни средства, освен партиципација согласно законските прописи.

Овие лекови осигурениците ги подигнуваат со рецепт од матичен лекар, додека за некои од нив потребна е препорака од специјалист/субспецијалист. Осигурениците лековите во 2016 година можеа да ги подигнат во 776 аптеки на територија на цела Република Македонија, од кои 695 се аптеки, 72 аптекарски станици, 6 подвижни аптеки и 3 рурални аптеки. За таа намена, беше зголемен и буџетот за лекови кој во 2016 година беше 2, 55 милијарди денари, за разлика од 2015 година кога истиот изнесуваше 2,46 милијарди денари, а за 2017 година истиот е дополнително зголемен за 200 милиони денари, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 

лекови рецепт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.