Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ со нови докази против Заев – СДСМ се е законски

0
By Нова ТВ on September 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2013 14:04

„Освен јавни набавки кои општина Струмица и институциите под нивна надлежност ги склучувале со фирмите од фамилијата на Зоран Заев, во смислениот систем на Заев се вклучени и фирмите на неговите ортаци“, објави денеска ВМРО – ДПМНЕ.

Тие денес продолжија да презентираме докази дека Зоран Заев му давал јавни набавки и на неговиот личен пријател и ортак на неговиот брат Вице Заев, Горан Крстев, преку фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица, потенцираат излеани биле огромни финансиски суми.

– Имено, во два наврати, на 05.10.2010 и 12.10.2011 општина Струмица склучила договор за јавна набавка со фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ од Струмица за гориво и екстра лесно масло за греење во износ од вкупни 28. 670.000 денари, односно два договори со идентични суми од 14.335.000 денари.

– Тоа значи дека Зоран Заев на својот личен пријател и ортак на неговиот брат Вице Заев, му префрлил милионски суми од парите на граѓаните на општина Струмица, исто како што претходно доделуваше јавни набавки на фирмите на својот татко, чичко, стрина, братучедка и снаа.

– Да потсетиме дека Горан Крстев и Вице Заев се капитално поврзани во голем број на бизниси и се јавуваат како ортаци во фирмите Сара Јавор инжинеринг, Сара инжинеринг и Дравас инжинеринг, објави Диме Спасов.

СДСМ објави реакција од компанијата „АЛ-МАКС“

Денешната реакција на компанијата „АЛ-МАКС“, во сопственост на актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, В.Пишев, потврдува како работи градоначалникот на Струмица и како функционира администрацијата на градоначалникот Зоран Заев.

Во реакцијата на „АЛ-МАКС“ стои:

„Фирмата „АЛ-МАКС“ навистина го има добиено тендерот од ЈПКД „Комуналец“, но како фирма што понудила најдобри услови на пазарот“.

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ повторно изнесува веќе објавувани наводи во претходни изборни циклуси, во кои тврди дека „Зоран Заев давал јавни набавки на негов личен пријател“.

Почитувани господа од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно не можете да се одвикнете од вашите навики. По се изгледа дека вие давате и делите тендери од ракав и на свои блиски луѓе и фирми.

Во Струмица, каде градоначалник е Зоран Заев, тендери се добиваат низ законска постапка, и ги добиваат оние што понудиле најниски услови на пазарот, како што потврди и фирмата „АЛ-МАКС“ во сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на Струмица на последните локални избори.

Нова реакција од ВМРО – ДПМНЕ

Фактот дека во општина Струмица и институциите кои се под нивна директна надлежност, јавни набавки добивале фирми во кои сопственици се таткото, чичкото, братучедите, снаата, стрината и бизнис ортаците на Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев, не може со ништо да се покрие.

Сите фирми во Република Македонија и надвор од Република Македонија, имале и имаат право да конкурираат и да добиваат јавни набавки во општина Струмица, но не и фирмите кои се семејно и капитално врзани со Зоран Заев и нему блиските фирми.
Тоа господа од СДСМ е чист пример за непотизам и судир на интереси.

Скандалот со јавните набавки во општина Струмица добива огромни и загрижувачки димензии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.