Денеска пред новинарите Диме Спасов, од ВМРО – ДПМНЕ на јавноста и презентираше уште документи кои, како што рече, ја докажуват бесрамната злоупотреба која ја прави кланот Заеви во Струмица.
– Фирмата “Тгропродукт ДОО увоз-извоз” од Струмица, која е фирма за преработка на овошје и зеленчук, во периодот кога сопственик е Катерина Бојовиќ Заева, т.е. првата братучетка на Зоран Заев, склучува договор за јавна набавка со Јавното претпријатие “Комуналец” на ден 31.12.2010 година. Со оваа јавна набавка се обезбедени феферони, цвекло, корнишони и мешана салата во вредност од внимавајте, дури 109.447 денари.
– И ден денес оваа фирма ја водат стрината на Зоран Заев, Убавка Заева и нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева.

– И овој пат, Директорот кој што ја склучил јавната набавка со фирма од семејството Заеви е директно поставен и именуван од градоначалникот Зоран Заев. Тоа само потврдува дека луѓето кои Зоран Заев ги назначил, соработуваат со фирмите од неговото потесно и пошироко семејство. Г-дине Заев, ова ги премина сите граници на нормалното, ова стана премногу сериозно, соопшти Спасов.
Наместо, Зоран Заев и СДСМ да говорат за ланскиот снег или за загрозеноста на прашумите во Бразил, ги охрабруваме да излезат и на јавноста да и објаснат колку пари заработиле фирмите од кланот Заеви преку јавните набавки во Струмица?




