ВМРО-ДПМНЕ го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски.
“ВМРО-ДПМНЕ бара од институциите максимално ангажирано и брзо да постапат и да ги пронајдат сторителите на ова дело.
Неодговорно е да се злоупотребува ваков настан во набедување и политичко насочување кон можни сторители на овој настан, пред за тоа да се произнесат институциите, бидејќи тоа, нити помага на истрагата, нити на таков начин се лоцираат вистинските сторители на делото.
ВМРО-ДПМНЕ на принципиелна основа, како и во другите настани кога беа нападнати новинари како Бобан Нонковиќ, Ивона Талеска, Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, реагира и на овој настан и најостро го осудува”, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Во своето соопштение ВМРО-ДМНЕ не го споменува ниту осудува испраќањето на посмртен венец на домашната адреса на уредникот на НОВА Борјан Јовановски. Да потсетиме дека на 21 април, кога беше испратен венецот, ВМРО-ДПМНЕ истата вечер го осуди овој чин но веќе утредента рече дека ова е всушност сценарио на Заев и на новинарите кои работат во, како што вели ДПМНЕ „соросовите медиуми“.




