Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ со пет амандмани против енергетската криза, СДСМ тврди дека има средства за решавање на проблемот

0
By НОВА ТВ Balaban on November 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За ова, политичките партии најмалку треба да зборуваат зашто од осамостојувањето на државата до денес немаат ништо направено, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, рече пратеникот од СДСМ, осврнувајќи се на Предлог-буџетот за 2022 година. Во 1988 година е изграден последниот енергетски објект – РЕК Битола, рече Велковски

Буџетот е креиран врз основа на очекуваните економски придвижувања и има развојна компонента. Обезбедува редовна исплата на плати и пензии, го следи правилото на јавните финансии и значително ги крати непродуктивните трошења, истакнаа пратениците од СДСМ во врска со Предлог-буџетот за 2022 година.

Како што рече Диме Велковски од СДСМ, има средства и за решавање на енергетската криза.

– За ова, политичките партии најмалку треба да зборуваат зашто од осамостојувањето на државата до денес немаат ништо направено, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, рече пратеникот од СДСМ, осврнувајќи се на Предлог-буџетот за 2022 година. Во 1988 година е изграден последниот енергетски објект – РЕК Битола. Се увезуваше струја и пред седум и пред осум и пред десет години и затоа, некоректни се обвинувањата од опозициските колеги. Да се обвинуваме во овој дел е некоректно. Сите знаеме каква технологија имаме, тоа е кртитика за сите нас, напомена Велковски.

Тој потсети дека 12 години не работи ТЕЦ Неготино кое обезбедува третина од производството на РЕК Битола, но се прават напори повторно да профункционира за да се излезе во пресрет на енергетската криза.

– Ќе ги обвините ли СДСМ сега дека нема снег?, праша иронично Велковски.

Во однос на непродуктвините трошења, пратеникот од СДСМ со конкретни бројки укажа дека средствата се намалени.

– Во 2015 година за возила биле проектирани 161 милион денари, а во 2021-ва биле проектирани 28 милиони. За мебел, пак, во 2015 година биле проектирани 57 милиони денари, а во 2021-ва 20 милиони, рече Велковски.

На ова реплицираше Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека земјава веќе плати пенали за струјата.

Тој информира и дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе пет амандмани, за граѓаните, како што рече, полесно да ги поминат зимските месеци.

-Плативме 20 милиони евра пенали. Дојде Јанез Копач, плативме пенали зашто не сме произвеле струја и не укоруваа како последни бандити дека сме краделе. На тендер набавувате 900.000 тони јаглен, РЕК нула проценти производство на струја, а ТЕЦ Неготино и Осломеј не работат зашто Васко Ковачевски не си ја врши рбаотата. Одговорност мора да има. Евро немате предвидено во Буџетот за справување со ценовниот шок од поскапувањето на струјата, рече Стојановски и апелира СДСМ да ги прифати поднесените амандмани со кои се опфатени граѓаните, стопанските субјекти и социјалните групи.

Велковски повтори дека средства има доволно.

-Секогаш има резерва. Како што беа пренасочени 65 милиони евра за призводство на електрична енергија за кризата да биде помала, така има и во другите сегменти. Државата мора да предвиди и работи кои би можеле да се случат. Секогаш кога има вакви проблеми, државата мора да ги реши. Тоа го правела изминатите години и ќе го прави во иднина, подвлече Велковски.

На почетокот на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, Предлог-буџетот за 2022 година го образложи министерот за финансии Фатмир Бесими.

амандмани енергетската криза Предлог-буџетот за 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.