Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО – ДПМНЕ со предлог до СДСМ за анкетната комисија

0
By Нова ТВ on May 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ во врска со постапката за формирање на Експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, но и за настаните кои предходеа, би сакала јавно да упати конструктивен и разумен предлог до СДСМ.

Со оглед на фактот дека подолго време нема успех во постапката за формирање на комисијата, ние денес јавно на СДСМ му го предлагаме следното:

СДСМ да предложи претседател на експертската комисија за утврдување на фактите кои ние би го прифатиле, но, во духот на конструктивноста предлагаме комисијата да одлучува консензуално. Ваквиот формат, во кој опозицијата би имала мнозинство во комисијата, а истовремено комисијата би одлучувала консезнзуално гарантира дека комисијата во исто време ќе работи и динамично, но и одговорно и разумно, при што во својата работа пред се ќе ги има приоритетите за утврдување на фактите за настаните од 24 декември, во и пред Собранието, но и за настаните кои предходеа.

Наша проценка е дека овој предлог е чекор напред за формирање на комисијата и очекуваме СДСМ да го прифати како би направиле и чекор напред кон исполнување на обврските кои двете партии ги имаат.

Заради информирање на јавноста би сакале да ви соопштиме дека во досегашните разговори ВМРО-ДПМНЕ беше сериозно посветена и проактивна. Доставивме пет предлози за претседател на оваа комисија, прифативме два предлози кои доаѓаа од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и прифативме еден предлог за претседател на комисијата предложен од страна на СДСМ.

Заради договорот помеѓу партиите дозволете ми да не шпекулираме со имиња. Во исто време ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе наврати, предлагаше и други форми и формати на формирање, функционирање и одлучување во самата комисија, а кои ценевме дека ќе помогнат во постапката за побрзо формирање на експертската комисија. Исто така би сакал да потсетам дека на 15 март оваа година, ВМРО-ДПМНЕ иницираше потпишување на Меморандум меѓу политичките партии за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во ЕУ.

Со жалење можам да констатирам дека многуте предлози кои доаѓаа од наша страна не беа прифатени од СДСМ. Затоа денеска јавно и во знак на конструктивност му предлагаме на СДСМ да го предложи претседателот на комисијата, а комисијата во својата работа да работи консензуално. Цениме дека овој предлог е разумен и дека ќе гарантира придвижување на обврските кои како партии ги имаме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.