Published: Friday, February 28, 2014 12:33
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за предвремени парламентарни избори.
ДУИ на вонредна седница на централното претседателство синоќа донесе одлука за бојкот на следните претседателски избори и отпочнување иницијатива за распуштање на Собранието и организирање предврмени парламентарни избори.
Оваа одлука, според генералниот секретар на партијата Абдилаким Адеми, била донесена по сеопфатната анализа на актуелната политичка состојба и по неподготвеноста на македонскиот политички блок да ја прифати понудата на ДУИ за консензуален претседател.
ДУИ ги повика сите парламентарни групи да се придружат на нивната иницијатива и да го поддржат предлогот за распуштање на Собранието.




