Со соопштенија пишувани од двајца тројца од раководството на СДСМ, овие неколку луѓе се ставаат над слободно изразената волја на над 530.000 луѓе кои гласаа за Иванов, реагираат од ВМРО ДПМНЕ откако најголемата опозициска партија соопшти дека тие не го признаваат Ѓорѓе Иванов како претседател.
>> СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија
– На криминален, нефер и недемократски начин Зоран Заев беше ослободен од притвор и од судска постапка токму од лицето кое на криминален начин и со полнење кутии ја узурпираше функцијата Претседател не Република Македонија, стои во реакцијата на партијата на Никола Груевски.
– За разлика од тогаш, на 13 април и на 27 април имаше мирни, слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните јасно ја изразија својата волја и ги отфрлија старите лица од политиката кои лажно се претставуваа за нови, пишува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Според нив, СДСМ и после изборниот дебакл и пораз од над 200 000 гласови разлика продолжува да го потценува народот и да му ја негира неговата сила да одлучи правилно, а при тоа воопшто не внимава ниту на загрозувањето на интересите на Република Македонија.




