Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ во уште еден обид незаконски да избере директор на НРТВ (МРТ)?

0
By Нова ТВ on January 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Програмскиот совет на МРТ (Национална радиотелевизија) за утре закажа седница на која на дневен ред е и одлука за распишување конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на јавниот сервис, дознава „360 степени“.

Ваквиот обид на Програмскиот совет, според професорот по управно право Борче Давитковски е спротивен на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пренесува порталот. Некои експерти коментираат дека преку Програмскиот совет, врз кој се уште контрола има ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сите членови се избрани кога таа партија беше на власт, Христијан Мицкоски се обидува да ја задржи партизираноста на националниот сервис. Ако Советот одлучи да распише конкурс и ако го спроведе извесно е дека ќе биде избран приврзаник на опозицијата, а тоа ќе биде направено спротивно на закон.

Дека нешто е погрешно во целата ситуација потврдува и актуелниот директор на јавниот сервис, Марјан Цветковски, кој за 360 степени предупредува дека таква одлука би можела да ја блокира работата на МРТ.

Цветковски е избран на позицијата директор токму од овој Програмски Совет и важи за кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Советот за утре има закажано седница за да одлучи дали ќе биде распишан конкурс за избор на директор. Но, целосно е спорна законитоста на евентуалното распишување конкурс, со оглед на одредбите од Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги, со кои мандатот на актуелниот директор, заменик-директорот и на членовите на Програмскиот совет на МРТ (НРТВ) е продолжен до изборот на нов Програмски совет – постапка која е заглавена во Собранието.

Во членот 43 од Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги се наведува:

„Постојните членови на Советот и директорот на Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги, како и членовите на Програмскиот совет и директорот и заменик на директорот на МРТ ја вршат функцијата до изборот на членови на Советот и директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и членови на Програмскиот совет и директор и заменик на директор на МРТ“.

„Одредбата е јасна. Прво да се изберат органите, па директорите. Ним по сила на закон им е продолжен мандатот. Не може да бираат нов директор кога на постоечкиот му е врзан мандатот со мандатот на Програмскиот совет. Тие имаат мандат до избор на нов Програмски совет, којшто ќе распише оглас за избор на нов директор. Законодавецот тогаш по сила на закон им го продолжил мандатот се до нов избор“, вели Давитковски за 360 степени.

Актуелниот директор на МРТ (НРТВ), Марјан Цветковски, смета дека законот е јасен. Тој предупредува дека евентуален избор на негов наследник, пред Собранието да го изгласа новиот состав на Програмскиот совет, може да има негативни последици врз работата на јавниот сервис.

„Сериозен проблем е како Советот ќе постапи – дали според закон или по нивно некакво убедување. Јас и досега сум ги почитувал одлуките на Програмскиот совет, но треба да се има предвид дека една таква одлука е сериозно дискутабилна и може да предизвика сериозни последици во понатамошното функционирање“, вели Цветковски за „360 степени“.

Инаку, изборот на нови раководни тела на МРТ и на АВМУ е во процедура во Комисијата за избори и именувања, уште за време на претходниот состав на Собранието, кога со ова тело раководеше пратеник од опозицијата.

Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов, за „360 степени“ вели дека со оглед на новиот собраниски состав, постапката за избор на членови на раководните органи на МРТ и на АВМУ ќе мора да почне одново. „Согласно Деловникот, сите акти што се преземени од претходен парламентарен состав, со изборот на нов, прекинуваат и мора да се распишат одново. Во духот на демократските вредности, во координација и комуникација со координаторите на пратеничките групи во Собранието и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а согласно со нашите деловнички можности и законски обврски, ќе делуваме по овие две точки“, изјавил Костадинов.

Во актуелниот состав на Програмскиот совет на МРТ, покрај Јанеска-Саркањац и Мемедалија, членуваат и Снежана Клинчарова, Ристе Панов, Златко Јанковски, Ивана Трајковска, Косана Мазнева-Николиќ, Јагнула Куновска, Анита Латифи, Гајур Рамадани, Илир Рамадани и Селпим Керим. Што би се рекло, голем дел од нив проверена постава на ВМРО ДПМНЕ, па затоа коменатарите се дека опозицијата надвор од законот сака да инсталира свој директор во јавниот серивс.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.