Насер Селмани очигледно има намера со своите ставови само да подгрева меѓуетничка нетрпеливост и да предизвикува конфликти, реагира со соопштение владеачката ВМРО – ДПМНЕ.
Според нив, Селмани се служи со манипулации, бидејќи г-нот Никоја Груевски во ниту еден момент во изборната кампања за последните парламентарни избори не побарал гласови за да спречи уцени од Албанците, туку бараше гласови за да спречи политички уцени од политичката партија ДУИ. За информација на Насер Селмани тоа е огромна разлика.
– Ако со вакви измислици и конструкции, Насер Селмани ги одработува сомнителните финансии кои ги добива ЗНМ, тогаш нека му служи на чест. Ако пак се работи за лична убедување тогаш докажува колку е потребно инвестирање во стандардите во новинарството, имајќи предвид дека една личност со ваков капацитет е дури Претседател на едно од здруженијата на новинари, се вели во соопштението на партијата.




