„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за воведување демократски и цивилизациски стандарди во секој сегмент од нашето општество. Ќе продолжиме низ дијалог со релевантни субјекти да ги решаваме проблемите, и на луѓето кои работат како новинари, и на сите останати категории како, земјоделците, бизнисмените, пензионерите, младите и сите останати.

– Се надеваме дека секогаш во тој дијалог од другата страна имаме и ќе имаме луѓе на кои приоритет им се интересите на граѓаните, а не интересите на поедини политички партии и поедини политичари“, пишува во реакцијата на владејачката партија.

За владеачката партија денешниот протест на новинарите е партиски мотивиран.

„Овие луѓе денес, во име на СДСМ се пресметуваа со Трајко Вељаноски и со Никола Груевски. Овие луѓе денес ја покажаа својата опседнатост од политиките на Бранко Црвенковски. Тие покажаа дека најмалку можат да се повикуваат во името на независни новинари“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.