Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: За Мијалков одговоривме, што е со набавките на Заев?

0
By Нова ТВ on November 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 10, 2013 16:08

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата на портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов, упатени кон Мијалков.

-Господинот Сашо Мијалков одговори детално и прецизно за сите лажни обвинувања на СДСМ, со посочување на прецизни вредности и прецизни податоци за својата имотна состојба.

Со оваа тема која СДСМ се обидува да ја наметне, иако веќе сите надлежни институции се произнесоа за неа и ги потврдија податоците кои г-нот Мијалков ги изнесе, покажува дека иако ги знаат податоците тие продолжуваат агресивно да напаѓаат мислејќи дека може да ја манипулираат јавноста.

Веќе е одговорено на сите прашања кои СДСМ ги поставува, а дополнително за овој случај се произнесоа и сите надлежни државни институции, па затоа немаме намера да дискутираме за прашања кои се одговорени пред јавноста. Но затоа пак имаме намера да дебатираме на темите кои се отворија, а на кои СДСМ упорно одбегнува да даде одговор.

Зошто СДСМ не одговори како е возможно Општина Струмица да и додели 12 јавни набавки на фирмата Пелагонија во која најголем акционер е Трајче Заев, првиот братучед на Зоран Заев?

Зошто и ЈКП Комуналец во Струмица, под надлежност на Зоран Заев, и доделило три јавни набавки на фирмата Пелагонија, токму откако Трајче Заев станал акционер во оваа фирма?
Како е возможно фирмата Пелагонија во сопственост на Трајче Заев, кој истовремено е овластено лице во семејната фирма на Заеви Еленица, да добие вкупен бизнис од 24 милиони денари од Општина Струмица и нејзините јавни претпријатија?

Зошто фирмите на такото на Зоран Заев, неговиот чичко, стрина, братучеди, снаа и други блиски роднини и нивни бизнис ортации, добиваа пари од Општина Струмица?
Дали оваа не е класичен пример за непотизам, судир на интереси и политички неморал?
Разликата е видлива. Ние за разлика од СДСМ даваме одговори на сите прашања кои ни ги поставуваат, а СДСМ упорно бега да одговори на скандалите во кои се вплетени нивните највисоки функционери, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.