Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: За насилството врз новинарите е одговорен СДСМ

0
By Нова ТВ on July 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 21, 2015 13:55

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите вели, го осудува физичкиот напад против Марјан Стаменковски, исто онака како што ги осуди нападите против новинарите Ивона Талевска, Дејан Николовски, Јанко Илковски, Бобан Нонковиќ и Антонио Димитриевски.

– За жал, освен за овој напад врз лицето Марјан Стаменковски СДСМ ниту еднаш не прати соопштение со кое требаше да ги осуди нападите врз новинарите. Напротив целата јавност виде дека дел од нападите врз новинари беа направени од активист на СДСМ и Сорос, од лидер на коалиционен партнер на СДСМ и од братучед на Радмила Шеќеринска, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму сметаат дека СДСМ и нивното раководство наметнувале атмосфера, со финансиерите од Сорос, илјадници лаги, манипулации, измами и шпекулации истурени во јавниот простор и тоа не биле само против политичари, туку и против стотици други уметници, пејачи, писатели, глумци, новинари, синдикалисти, колумнисти, професори и обични граѓани.

– Тие свесно предизвикуваат состојба на омраза и насилство. Впрочем СДСМ, Заев, Фрчковски, Тричковски, Геровски и сличните на нив континуирано повикуваа на насилство и физички пресметки. Политичката одговорност за сите овие напади ја носи исклучиво тесното раководство на СДСМ, се вели во соопштението.

Понатаму во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели, дека тие подолго време предупредувале на сценирани лажни претстави кои ги направиле СДСМ заедно со “нивните новинари“.

– Потсетуваме на лажниот венец однесен во куќата на Борјан Јовановски, потсетуваме на сценариото направено од Билјана Секуловска, а спроведено од Саше Ивановски Политико и на многу други, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Груевски вели не сака да верува дека и овој настан е дел од ниска и гнасна игра на СДСМ и бара од институциите да го расчистат целиот случај, а извршителите без разлика на нивниот мотив да бидат строго санкционирани.

– Очекуваме од професионалните медиуми и професионалните новинари одговорно да известуваат за вакви случаеви без притоа да обвинуваат и теретат било кого без ниту еден доказ или информација. Секој обид за политизација на вакви случаеви без ниту трунка информации претставува сомнеж дека целта на ваквите настани е токму тоа. Ова почнува да личи на смислена агенда и намера да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и тоа преку лице кое никогаш ниту сме го сметале за новинар, ниту сме го коментирале, ниту сме одговарале на неговите манипулации, се вели во соопштението на владејачката партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.