Published: Tuesday, May 19, 2020 00:33
ВМРО ДПМНЕ регаираше на изјвата на претседателот на СДСМ Зоран Заев кој во интервју за Канал 5 рече дека без полтички договор изборите ќе се одржат како што налага законот на 21 јуни.
Заев продолжува во стилот ќе јадеме живи луѓе. Овој пат спремен за власт да го носи народот на гилотиња за гола власт и избори час поскоро мислејќи дека ќе има ниска излезност и помал пораз. Заев е изолиран и осамен во намерата за брзи избори. Франција и другите развиени демократии, системи кон кои се стремиме ќе одат на избори само со консензус на сите политички чинители и со одобрување на здравствените власти, а Заев сака во време кога смртноста од корона расте да оди на избори, се вели во реакцијата од опозициската ВМРО ДПМНЕ.




