Published: Saturday, September 21, 2013 20:58
Локалниот пат Струмица- село Попчево е изграден од страна на Агенцијата за државни патишта со средства кои што подоцна ќе се исплаќаат од Буџетот на Република Македонија, соопштуваат од Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ.
Според нив Заев и СДСМ прават исто како и Александар Петревски во Охрид кои исто така се фалеше со патишта кои што ги има изградено Владата и жалиме што Заев тргна по тој пат, со лаги и манипулации.
„Заев освен епитетот малиот Бранко може да го носи и епитетот струмичкиот Александар Петровски со кого освен криминалот и непотизмот како заеднички особини ги имаат и начинот на изразување, фондот на зборови и начинот на склопување на речениците“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.




