Кога ќе згрми Бранко Црвенковски, Зоран Заев се постројува и го потворува тоа што тој го зборуваше лани на истиот ден, и денешната прес-конференција на СДСМ е по налог на Црвенковски, реагираат од владејачката партија.
– Оваа прес конференција освен што покажува под каква контрола е Зоран Заев, исто така покажува и колку некогаш човековата природа знае да забега, потценувајќи ги граѓаните и ветувајќи им брда и долини, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Според партијата на власт, на крајот од обраќањето на Заев недостасувало уште да каже дека, ако тој и СДСМ дојдат на власт во Македонија нема да има несреќен човек и просечниот животен век, ако дојде СДСМ на власт ќе биде 250 години и се ќе биде зеленскасто и розово во државата Македонија, во која нема да има ниту еден проблем.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, денешната изјава на Заев се оценува како трагична, жална и тотално надвор од реалноста.




