Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира дека „мини Шенген“ не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија. Според партијата, регионалните соработки не се алтернатива на евроинтеграциите на Македонија.
– Ваквата иницијатива која Заев се обидува да ни ја прикаже како дипломатски успех е всушност пораз на политиката на Заев. Зоран Заев ги лажеше граѓаните, ветуваше европска Македонија, а сега нуди мини шенген Македонија. Но што да се очекува друго од човек кој европските перспективи ги кочи со растечка корупција и криминал. Зоран Заев треба да признае дека Македонија ја донесе во ќор сокак. Овие четири години власта на Заев се четири украдени години за граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.