ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ Зоран Заев за непотизам при доделување на јавните набавки во Општина Струмица и во институциите кои се во надлежност на општината.
– Ова е само мал дел од октоподот на Заев. Станува видливо сомнителното работење при изборот на фирми за склучување договори за јавни набавки на локалната власт во Струмица, предводена од градоначалникот Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција Спиро Ристовски.
Тој додаде дека фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО од Струмица, чиј сопственици се Панчо Заев, татко на Зоран Заев, и Љупчо Заев, чичко на градоначалникот Заев, го добила тендерот за набавка на прехранбени производи и средства за одржување на хигиена на Јавната Општинска установа „Детска радост”, што, како што рече, е класичен судир на интерес.




