Заев призна дека татко му добивал јавни набавки од општинските институции. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше, Заев го потврди. 30.479.891 денари од сметката на Јавната Општинска Установа легнале на сметките на Панчо Заев, татко му на Зоран Заев, регираат од ВМРО – ДПМНЕ.
Според нив, станува јасно како се градела империјата Заеви. Со општинските пари трансферирани до приватните фирми на роднините и блиските луѓе на Заев.
Во ВМРО – ДПМНЕ сметаат дека ако ова го правел како Градоначалник, можеме да замислиме што би правел ако еден ден му се оствари желбата да стане Премиер.
Предходно на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна:
Кратко и јасно дека нема непотизам и нема никакви судири на интереси во општина Стримуца, каде тендери добиле и пратеници и советници на ВМРО – ДПМНЕ.




