– Здравјето на граѓаните не трпи несериозност каква што покажува СДСМ со
тезите кои се надвор од здравата логика. Ваквиот однос СДСМ го имаше и кога
беше на власт и нивните министри за животна средина со прст не мрднаа да
спроведат барем еден проект за справување со овој проблем, се наведува во соопштението од ВМРО- ДПМНЕ, што е реакција на предлозите од опозициската СДСМ за намалување на загадувањето.
Почнувајќи од први јануари 2016 година, на сите редовни студенти на
државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот
градски сообраќај. Граѓаните знаат дека и пензионерите со години ги користат бенефитите на субвенционираниот превоз во јавниот сообраќај.Денес целиот автобуски фонд во главниот град е променет со нови современи автобуси кои загадуваат десетици пати помалку од возниот парк во кој народот го возеше СДСМ, се наведува во соопштението.
Од ВМРО – ДПМНЕ тука уште ги истакнуваат и акциите за пошумување на Македонија, додавајќи дека „несериозно е кога СДСМ зборува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не пошумувала доволно. Несериозно е кога СДСМ дели лекции за субвенционирање
јавен превоз, кога во нивно време граѓаните се возеа во праисториски автобуси и
никој немаше повластувања во користењето на јавниот превоз“.
– ВМРО-ДПМНЕ се соочува со проблемот и постојано работи во насока на
пронаоѓање подобри решенија за овој децениски проблем. Токму затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година, пишува во соопштението.
Во него се посочува дека „оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија
булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот, набави преку 300
нови автобуси кои 40 години не беа променети, направи проект за
гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што
владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна
документација“.
Во рпилог на нивната теза, од ВМРО- ДПМНЕ го споменуваат и проектот за велосипедски патеки на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, набавката на електрични возила и мотоцикли, формирањето на комитет за здравје и животна средина и замената на котлите за
греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број
училишта.
– Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за
воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и
концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните
делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со
акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.




