– Андреј Жерновски во досегашниот мандат успеа да префарба една зграда и ништо повеќе од тоа. Наместо да се зафати со решавање на основните проблеми на граѓаните, тој во сите можни бои, без да го коментираме естетскиот аспект, бојадиса една зграда и побрза да се пофали пред јавноста, реагираат од владејачката партија откако Жерновски најави дека уште 11 нови објекти ќе добијат енергетско-ефикасни фасади.
>> Жерновски најави 11 нови енергетско-ефикасни фасади во Центар
Од партијата на власт побараа од Жерновски да одговори до каде се проектите за кои ветил релизација, и до каде е проектот за целосна гасификација на училиштето „Димитар Миладинов“. За тие проекти, и за изградбата на новата градинка и училиштето во Капиштец и неколку други проекти кои ги ветил пред граѓаните, ВМРО ДПМНЕ вели немало „ни “Р“ од реализација“.
– Впрочем, досега целиот свој мандат Жерновски го помина во барање алиби за својата неспособност да ја води општина Центар. До денес освен што смени бушони на една бандера, го исчисти ѓубрето покрај еден контејнер и сега префарба една зграда, не започна со реализација на ниту еден капитален проект во Центар, стои понатаму во реакцијата.




