СДСМ се обидува од случај каде има сериозен сомнеж за криминал со притворање на дваесетина лица осомничени за криминал во Машинопромет да го претвори во политички случај, а веќе е јасна намерата да се претстави дека и Шиповиќ е политички притворен порача Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации во партијата.
-ВМРО-ДПМНЕ ниту досега, ниту во иднина има намера да се меша во работата на Јавното Обвинителството и судовите во Република Македонија, како што воопшто не се мешаше кога истите институции притвораа и затвораа членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за прекршување на законите. Никој не може да има различен третман од секој друг граѓани само и само заради тоа што е член или функционер на една или друга партија изјави Димовски.
На обвинувањата на опзицијата дека ВМРО ДПМНЕ со интитуционално насилство сака да ја превземе власта во општина Центар, Димовски со одговор дека не постои можност да ја превземат власта, бидејќи ако Шиповиќ се повлече или поднесе оставка на негово место повторно доаѓа човек од листата на СДСМ.
-По карактерот на барањето на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да се вмеша во овие работи и да издејствува ослободување од притвор на Шиповиќ, јасно е дека со СДСМ сеуште владее Црвенковски и неговата школа. Не толку одамна, да ве потсетам, Црвенковски јавно објаснуваше како тоа премиерот треба да крене една слушалка и да заврши ваква работа. Ние разбираме дека тоа така се работело во време на СДСМ, но ВМРО-ДПМНЕ не работи на тој начин, ниту пак некогаш ќе работи велат во ВМРО ДПМНЕ.




