Доколку СДСМ има докази за кривично дело, ги повикиваме да поднесат кривична пријава, но, нема да поднесат бидејќи и самите знаат дека се е чисто и законски. Оваа експресна реакција од ВМРО ДМПНЕ дооаѓа по изјавата на Петре Шилегов дека постои основано сомневање дека министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска сторила кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, и го оштетила Буџетот на РМ во вредност од 58 милиони евра.
Од Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ велат дека во недостаток на теми, СДСМ мораат нешто да зборуваат за да не ги критикуваат дека нема опозиција, затоа критикуваат дури и кога се гради нешто.
-На СДСМ се им смета. Тие се против проектите на Владата не затоа што се лоши, туку затоа што немаат со што да се пофалат дека направиле во нивно време, и со што ќе можат да се споредуваат велат од ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ во нивниот мандат не рeализираa ниту еден позначаен проект од кој граѓаните ќе имаат корист. Нивното владеење беше одбележано со низа скандали и афери, а буџетските пари наместо во градби и инфраструктура завршуваа во приватни џебови и во бисери за министерките.




