СДСМ продолжува неосновано да клевети, а за тоа нивниот портпарол Петре Шилегов ќе одговара пред надлежните судски органи, реагираат од ВМРО ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов каде ја повика министерката за култура да го објави основниот договор за објектот „Стар театар.
-Очигледно дека во СДСМ неможат да се помират со фактот дека после многу децении во Република Македонија се градат репрезентативни објекти и културни институции. Денес ВМРО-ДПМНЕ гради објекти од културата, објекти за останатите државни институции, училишта, болници, спортски сали, патишта и слично. СДСМ се плаши затоа што нема со што да се пофали во своите мандати, не изградија ништо. Скопје денес се повеќе наликува на метропола додека во времето на СДСМ, Скопје беше мрачно со стари и истрошени објекти оставени на забот на времето се вели во сооспштението од Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.
Од таму потенцираат дека за објектот на Стариот театар како и за сите други нови објекти се водела транспарентна и законска постапка.
-Јавноста беше запознаена преку прес конференција за сите детали од изградбата на новите објекти се вели во соопштението.




