На 27 Април, граѓаните го дадоа најдобриот одговор на политиките на лаги, манипулации и подметнувања кои се единствената понуда и во моментов единственото нешто од СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, за покренатата кривична пријава од СДСМ против Гордана Јанкуловска.
Јасно е дека СДСМ е во очај. Јасно е дека таму веќе не се знае кој кого и за што лаже. Тоа што не е јасно е до каде ќе продолжи да тоне бродот и до кога ќе продолжи неодговорното однесување и манипулациите пред целокупната јавност.
За политиката на клевети и навреди која ја практикува портпаролот Петре Шилегов, својот одговор го даде и судот кој веќе го прогласи виновен за фабрикување на невистинити приказни, кои имаат цел единствено да нанесат штета.
Го повикуваме и Јавниот Обвинител да се произнесе во најкус можен рок, а Гордана Јанкуловска повторно ќе му даде шанса на Шилегов и новите клевети да ги брани пред надлежниот суд.
СДСМ се очајни и се обидуваат преку монтирани и лажирани документи, здружени со лице правосилно осудено за фалсификат и злоупотреби, со неважечки печат и измислен потпис да создадат магла која ќе ja покријат нивната безидејност.
Ние нема да дозволиме да влеземе во лошиот филм на СДСМ и нивната ниска политика на фалсификати и монтажи. Ако вака продолжат само уште повеќе ќе се заглават во калта во кои самите паднаа, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.




