Published: Tuesday, May 27, 2014 11:36
Красимир Каракачанов, лидер на ВМРО од Бугарија, чија партија освои едно место во новиот состав на Европскиот парламент им се заблагодари на, како што тој вели, Бугарите од Македонија.
Според Каракачанов над 70% од гласовите на македонски граѓани кои имаат право на глас во Бугарија со стекнато државјанство, од Скопје и Битола гласале за коалицијата Бугарија без цензура во чиј состав е и ВМРО.
Ова значи, вели Каракачанов, дека Бугарите од Македонија ќе имаат свој претставик во ЕП кој ќе ги застапува нивните интерси. Каракачанов најави дека ќе се залоќи ЕП да има своја канцеларија која ќе ги застапува интересите на овие граѓани.




