Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-НП: Контролираните меѓуетнички тензии лесно можат да излезат од контрола

0
By Нова ТВ on May 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 30, 2014 12:52

ВМРО-Народна партија е импресионирана од активностите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со кој успешно се приведува при крај договорот за состав на идната влада, особено начинот на утврдување на приоритетите и нивно брзо разрешување.

Еден таков приоритет само неколку дена по започнување на преговорите е решен. Експресно беше повлечено силното полициско обезбедување од специјалните единици на МВР, кој 24 часа во 4 смени во полна борбена готовност и борбени возила-хермелини, неколку месеци го обезбедуваше споменикот на цар Душан во центарот на Скопје, се вели во соопштението до јавност од ВМРО-НП.

Оттаму потсетуваат: Во почетокот на декември беше поставен споменикот за кој владата тврдеше дека нема поим кој го поставил. Овој чин за разлика од македонците особено од силните патриоти во ВМРО-ДПМНЕ кој по традиција ги премолчуваат настаните поврзани со српските интереси во Р.Македонија, реакцијата на албанците беше жестока. Истиот ден, дел од највисокото раководство на владеачката ДУИ, опремено со чекани, метални шипки и сајли се обидоа да го срушат.

– Ваквата реакција беше оправдана од сите албанци, новинари, историчари, академици, колумнисти,политичари, затоа што владеењето на цар Душан на овие простори било одбележано со премногу пролеана албанска крв, тепање, раселување и прогонување, и дека нема да се смират додека контроверзниот споменик не биде отстранет од центарот на Скопје.

– Очигледно дека српските историчари кои уште од порано го убедија македонскиот народ дека цар Душан не е поробител туку обединител на овие простори, сега ги убедија и албанците да веруваат во тоа, за кое ние многу се радуваме што веќе не постои ниту еден албанец на кој му пречи цар Душан.

ВМРО-Народна партија како и секогаш предупредува дека подигнувањето на рејтингот на двете владеачки партии со создавање на контролирани меѓуетнички тензии лесно можат да излезат од контрола и да се претворат во реални конфликти со несогледливи последици по сите граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.