ВМРО-НП нема да го поддржи Ѓорѓе Иванов за уште еден претседателски мандат, објави денеска лидерот Љубчо Георгиевски.
„Нема да дадеме поддршка за кандидатурата на Ѓорѓе Иванов, затоа што сметаме дека човекот во овие пет години ништо не направи за Македонија и не реши ниту еден отворен проблем. Сметаме дека тој повеќе служи за потсмев во меѓународниот дипломатски кор отколку што некој го прифаќа сериозно.
Незнам дали ја знаете шегата која кружи помеѓу амбасадорите? Тие велат дека кога некој од нив ќе отиде кај Иванов добива најмалку час историја за Паљурци и за Античка Македонија. По разговорите со него амбасадорите не ни одат кај него. Еден таков човек повторно да го кандидирате е несеризоен потег на владеачката партија“, рече Љубчо Георгиевски.
Иако според него конвенцијата е дури во сабота, ситуацијата била очигледна, со тоа што раководството застанало зад актуелниот претседател.
фото: архива




