ВМРО-Народна партија јавно го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ги објасни своите бизнис криминални договори со сопствениците на Сител телевизија, кој успешно долги години ги прикрива од македонската јавност.
Од партијата потсетуваме дека Управата за јавни приходи во периодот 1998-1999 година утврди над шест милиони германски марки неисплатени и затаени даноци од страна на холдингот Силекс.
„Наодите беа многу поконкретни и од оние во А1 телевизија што неколку години подоцна беа откриени и експресно добија судски епилог. За жал уредно утврдениот долг од страна на Управата за јавни приходи во втора фаза комплетно беше покриен и заташкан од страна на тогашното министерство за финансии“, потенцира ВМРО-Народна партија.
Од таму велат дека ако се има предвид дека комплетниот државен врв што денес ја води државата претставува две третини од составот на тогашното министерство за финансии, сметаме дека македонската јавност треба да биде информирана за оваа криминална спрега која функционира очигледно непрекинато повеќе од петнаесет години.




