ВМРО-Народна партија со неверување, зачуденост и крајна резигнираност ја прими веста дека еден од годинашните лауреати за највисоко признание 11 Октомври и тоа во областа на науката и образованието е господинот Срѓан Ќерим.
Сметаме дека ова претставува врв на девалвација на наградата, непримерно од нејзиното востанување до денес. Ова признание претставува и деградација на творештвото на сите досегашни живи и починати добитници кој оправдано ја заслужиле оваа награда. Човекот за чие име се врзуваат многубројни афери да се стави во редот на добитниците на највисоката државна награда претставува и понижување на чуствата на македонските граѓани кои негуваат почитување и одреден пиетет према наградените, соопштуваат од ВМРО – НП.
– Парадоксално звучи објаснувањето на одборот дека наградата се доделува за исклучителни достигнувања во областа на науката и образованието а го добива човек кој беше посочен дека својата докторска титула ја заслужил преку плагијат.
– Пластичното шише вредно 750 000 евра најчесто се поврзуваше со неговото име.
Исто така од поранешен висок функционер во областа на безбедноста беше претставен како соработник на безбедносните разузнувачки служби на една соседна земја.
– Како да ја коментираме големата финансиска афера поврзана со неговото име при купување и адаптирање на амбасадата на Република Македонија во Германија и набавката на слики кои немаат ама баш никаква уметничка вредност а беа прескапо платени. Во врска за поздравување се напорите на тогашниот министер за финансии во Владата на Р. Македонија кој до крајот на својот мандат упорно се залагаше за расчистување на оваа афера и добивање конечен епилог, потенцираат од ВМРО – НП.




