ВМРО-Народна партија поучена од досегашното искуство воопшто не се изненади од нереагирањето на официјалните македонски институции, здруженија и граѓани кога се работи за одбележување на ликови и настани од српската историографија кои се директна штета на македонскиот народ. Сеуште е свеж примерот на грандиозната прослава на Зебрњак со што се одбележи српската окупација врз Македонија.
За поздравување се реакциите на албанскиот политички и научен фактор кои со оглед на тогашните историски услови чесно изнесоа точни факти и се спротиставија на ваквиот чин во име на сите граѓани на Република Македонија.
ВМРО-Народна партија ги потсетува македонските граѓани дека повеќе години наназад нивни сограѓани патриоти и херои со невидена жестина веднаш ја кршеа и отстрануваа спомен плочата поставена во чест на Мара Бунева.
ВМРО-Народна партија прашува: Зошто иако поминаа повеќе денови од поставувањето на споменикот на Цар Душан никаде не забележавме реакции од т.н верни чувари на македонскиот идентитет и достоинство за отстранување на истиот?
Охрабрени од молкот, поставувачите веројатно мислеа дека тоа наиде на одобрување кај македонскиот народ и набрзина ги поставија и спомениците на: Димитрија Вукашин, Јован Углеша, Андрејаш, српскиот војсководец Констатин Драгош, српскиот жупан Андреја Гропа и Јован Зограф претставници на српската династија поробувачи на Македонија.
Според ВМРО-НП, долг е списокот на чувари на македонштината од поединци и здруженија кои на оваа големо српска провокација останаа неми.
Од каде да почнеме? Светскиот Македонски конгрес на Тодор Петров, Здружението Македонски манифест на Ефтим Клетников, Русјаков и дружината, Здружението на бранители Бедем, Сител на Латас, Канал 5 на Миленко и неговите гости, Нова Македонија на Мирка, Јанко со бурекот, Гласот на Томиќ, Сонцето на Џорџ Атанасовски и најповиканата институција Македонската Радио Телевизија.
ВМРО-Народна партија отворено ги прашува сите горе наведени квази патриоти оваа ли е идентитетот по кој плачеме и за кој се бориме и ја држиме Македонија надвор од сите евро-атлантски интеграции.




