Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-НП:Ако се бара обрт од 15 милиони евра, зошто земјиштето се продава за џабе

0
By Нова ТВ on January 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 20, 2014 13:45

По оправдувачката изјава на Илија Димовски, директорот на Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ дека на лицитацијата за земјиштето кај Народна Банка на Македонија, кое се продаде за 1 евро, можело да учествува кој било, ВМРО-Народна партија ја потсетува јавноста на следното:

– Во објавата за распишаната лицитација за ова земјиште постоеше услов за заинтересираните купувачи, и тоа, во последната година да имаат остварено обрт од 15 милиони евра, со што во старт беа елиминирани 99% од заинтересираните фирми. За споредба само, граѓаните од околината што сакаат да си ги дооформат своите дворни места на државата и плаќаат по 300 евра за м/2.

ВМРО-Народна партија нотира неколку парадокси:

– Прво, на договорениот инвеститор му се дава квадратен метар за 1 евро, а се бара годишен обрт од 15 милиони евра. Зошто ако се бара обрт од 15 милиони евра, тогаш земјиштето се продава за џабе?

– Второ, зошто за истото земјиште, македонските граѓани се ставаат во нерамноправна положба и треба да плаќаат 300 пати повисока цена за дооформување на своите плацови?

– Трето, ВМРО-НП е повеќе од сигурно дека конкретната фирма – купувач го нема исполнето условот за остварен годишен обрт од 15 милиона евра.

Од партијата прашуваат дали ова е нов скандал со кој нелегитимно се спречуваат да учетвуваат други заинтересирани фирми со селективно занемарување на бараните услови?

„Овој случај многу наликува на големата афера од пред некој ден со тендерот на Министерството за здравство и уредничката на Сител, Ивона Талевска, што се уште ја бранува македонската јавност“, се вели на крајот на соопштението од ВМРО-Народна партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.