ВМРО ДПМНЕ реагира на изјавата на Андреј Жерновски во која тој ја обвинува власта за опструкција на работата на општина Центар и го повикуваат самиот да им објаснел зошто немало да се градат училиште и градинка на сметна на партиски вработувања, како што тврдат, но и инсистираат на тоа дека црквата Св. Константин и Елена ќе биде загрозена со промената на деталниот урбанистички план.
-Треба да им објасни зошто упорно настојува да се поништи деталниот урбанистички план, а со негово поништување практични објектот на црквата Св. Константин и Елена ќе стане дива градба. Кога еден објект е дива градба секоја општинска власт сега и понатаму ќе може да постапува како сака, па и да го руши.Уште еднаш апелираме до господинот Жерновски да не ни се обраќа нам, туку да им објасни на граѓаните зошто ги излажа дека ќе гради училиште и градинка и зошто сака да го прогласи објектот на црквата Св. Константин и Елена за дива градба, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Жерновски денеска повторно упати апел дека нема да се руши ниту црквата ниту било кој друг објект чија изградба е започната.
-Ние бараме да се укине новиот и да се врати стариот ДУП. И таму, во стариот црквата ја има, значи повторувам црква ќе и нема да се руши. Се надевам ќе има разбирање и не можам повеќе да сфатам за што се протестите.
– Сакам да го спречам проектот затоа што не можам да разберам што ќе е една катна гаража во централниот дел на паркот. Добив доверба од граѓаните за ова, но тоа не значи дека сакам да го рушам тоа што е направено досега, рече Жерновски денеска на пладне.