Published: Friday, May 8, 2015 13:37
Денеска попладне во 18 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, се организира мирен протестен марш против насилството врз новинарите.
Протестот во Струмица следува по објавените разговори од опозицијата во кои се открива дека од јавноста биле скриени клучни детали од истрагата за смртта на новинарот Никола Младенов како и поради насилството врз новинарите од страна на полициските безбедносни структури.
Протестниот марш ќе тргне од плоштадот „Гоце Делчев“ кон Основниот суд – Струмица и ќе заврши на плоштадот.




