Односите помеѓу Македонците и етничките Албанци во 2012 години се влошија, заклучува организацијата Амнести Интернешенел својот најнов извештај за состојбата на човекови права во 2012 година.
Во февруари 2012 година македонски полицаец во цивил уби двајца етнички Албанци во Гостивар а етнички мотивирани напади се случија и во март во Тетово. Во мај 20 етнички Албанци беа уапсени по убиството на петмина Македонци кај Смилковското Езеро и беа осомничени за убиство и тероризам.
Ова изведе на улица илјадници Албанци кои протестираа против апсењата и тоа што неа осомничени за тероризам.
Меѓу-етничката слика се наруши и со тоа што во август ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за репарација за македонските војници и полицајци кои се бореа во 2001 година. Во октомври ДУИ ги спречи донесувањето на законот затоа што тој не се однесуваше на Албанци учесници во конфликтот.
Истовремено јавниот обвинител ги анулираше воените злосторства кои се однесуваат на киднапирањата на Македонци од страна на албанската УЧК од 2001 година, случаи кои и беа вратени на Македонија од Хашкиот трибунал.
Во Македонија, тврди Амнести Интернешенел, се уште постојат лош третман од страна на полицијата како на пример врз лицата уапсени по убиството близу со Смилковското Езеро. Омбудсманот најави дека условите во полициските станици во 2011 година биле под најниските стандарди, особено кај младите а уапсените немале право на адвокат или доктор.
Европскиот комитет на превенцијата на тортурата објави дека е направен мал напредок во оваа област, особено во затворот во Идризово каде условите се “тотално незадоволителни“.
Извештајот потсетува дека Македонија имаше престедателство на Декада на Ромите но дека не успеа да доведе до спроведување на својот Национален план и стратегија за поправање на состојбата на жените Роми и девојчињата.
Под притисок на ЕУ влада го спречи излегувањето од земјата за барателите на азил и бегалците и тоа главно Ромите и етничките Албанци чии пасоши е означени да се спречат да излезат од државата.
Амнести потсетува и на добро познатиот случај на Калед ел-Масри. Во декември Европскиот суд за човекови права едногласно објави дека Македонија е виновна за страдањата на ел-Масри кој во 2003 година држен во затвор 23 дена во државата и пренесен во американски затвор.
Судот рече дека Македонија е виновна за незаконското држење во затвор на ел-Масри, неговото киднапирање, тортура и лош третман и негов трансфер каде што неговите човекови права биле нарушени но и поради тоа што Македонија не спроведе ефикасна истрага за случајот. Во е прв пат Судот да пресуди за случај на жртва во програмата на САД за киднапирање на лица осомничени за тероризам.
Конечно Амнести го бележи и донесување на закон за клевета и протестите на новинарите кои ги критизираа високите казни.
И во овој извештај повторно се бележи недонесувањето на амандман на законот за анти дискриминација за заштита на хомосексуалните лица. Забележани се и хомофобските зборови на министерот за труд во октомври по кои уследи напад врз еден невладин центар за заштита на хомосексуалците.