Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во 2013 година нема укинување на визниот режим

0
By Нова ТВ on May 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 21, 2013 13:20

Укинувањето на визниот режим, како што многу земји членки на ЕУ побараа, нема да биде усвоено во текот на оваа 2013 година.

Европскиот парламент е тој кој го кочи усвојувањето на одлуката за повторно воведување на визите за државите од Балканот, тврди Александра Штигелмајер од Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) која во детали го следи овој процес од самиот негов почеток.

ЕУ ги укина визите за Балканот во 2009 и 2010 година што донесе огромен наплив на баратели на азил во овие држави.

Земјите членки на ЕУ не успеваа да се справат со иљадниците баратели на азил кои бегаат од сиромаштијата во нивните земји и побараа од Европската комисија (ЕК) да најде начин да го сопре бранот.

На ова ЕК одговори со предлог за суспензија на визната либерализација со која визите можат да бидат вратени за покус или подолг рок. Но истовремено беа упатени предупредувања до балкански земји тие самите да најдат начин да ги спречат своите сограѓани да патуваат во ЕУ и да се обидуваат таму да останат како азиланти. И земјите членки донесоа реформи на своите азилантски политики па роковите за тоа дали некој може или не да биде азилант е намален минимално а се укина и финансиската помош за баратели на азил. Сето тоа драстично го намали бројот на балкански баратели на азил особено во текот на оваа година. Во февруари и март од 2013 година, на пример, бројот на овие лажни азиланти во Германија е намален од 7000 на 1000 лица во истиот период во 2012 година.

Освен тоа што проблемот барем засега е решен, и европската процедура за воведување на суспензивниот режим е долга и комплексна. Доколку земјите членки донесат одлука за воведување на суспензијата, ЕП е тој што нема да се сложи со неа па со тоа целата процедура почнува од почеток и може да трае многу долго.

Доколку сепак балкански земји не го задржат нискиот број на баратели на азил кои одат во ЕУ, постои и друг начин за воведување на суспензивниот режим. Во тој случај, на барање на земјите членки, ЕК е таа која треба да направи нов предлог кој потоа би бил усвојуван. Но, според Штигелмајер, бројот на земји членки не е доволен за да се добие потребното мнозинство за ваква суспензија.

Целата процедура е истовремено и е предупредување на Балканот. Доколку бранот на несакани азиланти продолжи, ЕУ става на знаење дека постојат механизми тоа да се спречи.

Според ЕСИ, барањето на Велика Британија за воведување визен режим за Балканот е само знак за солидарност кон ЕУ поради тоа што оваа земја не е дел од Шенген зоната и визите за неа не беа никогаш укинати.

Лондон има строга имиграциска политика и со солидарност кон ЕУ сака да покаже дека не попушта во неа и дека ќе држи до своите специфики во таа област.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.