Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во 2020 година исплатени 10,6 милиони евра државна помош за странски инвестиции

0
By Нова ТВ on January 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година исплати над 10,6 милиони евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Ова е 94,4 отстотна реализација на предвидената државна помош за изминатата година исплатена кон странските инвеститори во земјава.

Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, дополнително е одобрена и предвремена исплата на обврски кон две компании, Костал и Гентерм кои предвреме ги постигнале планираните инвестиции и планирани таргети за вработување.

-Вкупниот износ на предвреме исплатени обврски на државата кон овие две компании е 51,2 милиони денари, средства обезбедени со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници донесена од страна на Владата во декември 2020 година. Оваа новина е дел од целосно нов внатрешен систем на грижа за корисници. Целта е да се поттикнат и останатите инвеститори забрзано да ги реализираат своите инвестиции и планови за вработувања, а ТИРЗ и владата се подготвени да ги следат во таа динамика, велат од Дирекцијата.

ТИРЗ има реализација од 96 отсто од планираниот буџет за изминатата година. Во делот на капиталните инвестиции има 100 процентна реализација.

-За таа цел се исплатени 5,5 милиони евра. Најголем дел се инвестирани во сообраќајната инфраструктура и асфалтирање, гасоводната инсталација, хидротехничката инфраструктура, водоснабдителен систем и со целокупната потребна пропратна инфраструктура – атмосферска и фекална канализација, улично осветлување,прецизираат од ТИРЗ.

За следната година, додаваат, се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони. Истовремено во соработка со Светската банка, ТИРЗ ќе креира и „Посебен стратешки инвестициски фонд“ преку кој државата и приватните инвеститори заедно ќе вложуваат во посебни проекти за развој во инфраструктура. Со овој фонд ќе се инвестира и во постојните индустриски зони во општините, каде поголем број компании се домашни.

Дирекцијата воведува и нов пристап во привлекувањето на инвестиции според кој и домашните компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии како и странските.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.