Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „ Аџибадем Систина” дводневна конференција за Колоректален канцер

0
By Нова ТВ on April 13, 2019 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само минатата 2018 година, биле регистрирани околу 1.8 милиони нови случаи на заболени од карцином на дебелото црево и ректумот во светот. Популација со највисок ризик за развој на оваа болест се луѓето до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево пред 40-тата година од животот. Подигнувањето на општествената свест кај граѓаните е многу важно и за таа цел  во Скопје се одржува меѓународна конференција насловена “Early Occurrence of Colorectal Carcinoma. Where we are. Where are we going?”, што ја организира  Клиничката Болница „Аџибадем Систина” и MTCC (Mediterranean Task Force for Cancer Control). Врвни домашни и странски експерти ќе дебатираат за превенција и лекување на карциномот на дебелото црево.

Конференцијата ја отвори Д-р Јана Марин, директорката на Аџибадем Систина која во своето обраќање истакна дека на овој собир се обединуваат водечките меѓународни и домашни професионалци од оваа сфера.

„Клиничката болница Аџибадем Систина отсекогаш била посветена да создаде систем, да постави арсенал од најдобрите технологии за откривање и третман, да донесеме методи и знаења за да им помогнеме на сите коишто ја водат, но и да ја добијат, битката со карциномот. Од оваа наша мисија произлезе и отворањето првиот приватен комплетен Центар за онкологија и радиотерапија”, изјави д-р Марин.

Подобрувањето на квалитетот на животот во општеството и придонесот кон развојот на здравствената заштита во медицината е една од целите на болницата Аџибадем Систина.

„Тоа е можно само со заедничка акција на сите засегнати страни во општеството. Затоа, од самиот почеток, силно го поддржавме и поттикнувавме развојот на научната мисла и практика, секогаш заедно во координација и соработка со сите професионални здруженија и се разбира, со владините институции и јавното здравство. Во оваа смисла, ја поздравувам отвореноста за соработка, за тоа што ги идентификува и ја ценат нашата посветеност и нашето активно учество во подигање на нивото на националниот здравствен систем, додаде Д-р Марин.

На конференцијата присуствуваат четириесетина еминенти доктори предавачи од повеќе земји од Европа и од Азија. Своите искуства и достигнувања во областа на оваа болест ќе ги изнесат пред гостите на работните сесии предвидени во двата дена.

Д-р Владимир Димов на отворањето рече дека овој состанок организиран од страна на „МТCC”и болницата “Аџибадем Систина” е насочен кон застрашувачката растечка инциденца на колоректален карцином и намалување на возраста на пациентите погодени од оваа болест.

„ Денес колоректалниот карцином веќе не е болест на постарата популација, туку спротивно, почесто од кога и да е кога ја гледаме оваа болест кај млади пациенти. Целта на оваа Конференција е да ги расветлат сите аспекти за можните фактори за влошување на оваа ситуација како што се: диететски причини, специфики на различни региони во светот, патолошки и генетски фактори, рано појавување на симптоми, дијагноза, третман и скрининг”, изјави проф. др- Димов.

Министерот за здравство Венко Филипче кој присуствуваше на отворањето на конференцијата истакна дека особено е важно да им се овозможи на грѓаните да имаат можност да се лекуваат во најдобрите болници, државата размислува да продолжи со концептот  на јавно приватно парнерство.

„Сакам да им честитам на организаторите, на Aџибадем Систина  за оваа конференција, верувам дека овие искуства што овде ќе се стекнат ќе се имплементираат во сите институции во нашата земја. Ние како Министерство за здравство ќе продолжиме понатаму да ги поддржуваме превентивните прегледи, особено за оваа болест”, изјави министерот Филипче.

Колоректалниот карцином е третиот најчест облик на рак кај мажите и вториот најчестиот облик на рак кај жените во светот. Се смета дека колоректалниот карцином е четврта водечка причина за смрт во светот. Во Македонија тоа е шестата причина за предвремена смрт, а во последната деценија бројката на смртност од колеректален карцином се зголеми за повеќе од 16 насто. Затоа, велат во Клиничката болница, на оваа Конференција Аџибадем Систина гледа како на почетна точка, своевидна платформа за споделување на најдобрите практики за тоа како да се обезбедат превентивни и куративни здравствени услуги на напредно ниво, во интегрирано опкружување.

На оваа конференција се промовираше печатен едукативен материјал кој досега е преведен во повеќе од 20 земји во светот. Брошурите со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на карциномот на дебело црево ќе бидат дистрибуирани по сите амбуланти низ земјава се со цел информирање на популацијата и подигнување на свеста кај населението.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.