Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во античка Олимпија запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

0
By Marija Todorovska on April 16, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2024 12:19

Во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, онаму каде што пред 2.800 години беа одржани првите антички олимписки игри, денеска беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни олимписки игри „Париз 2024“.

Временските услови и облачното време на свечената манифестација не дозволија палењето на огнот да биде од зраците на сонцето, меѓутоа тоа беше сторено претходно, а олимпискиот оган беше донесен во храмот на Хера.

Сепак, се одржа традиционалниот ритуал со специјална кореографија и молитва и благодарност до богот на сонцето Аполон и молитва до богот Зевс „за мир за сите народи во светот“.

Првиот факел, заедно со маслиново гранче го презеде грчкиот олимпиец Стефанос Дускос со што и започна патувањето на олимпискиот оган кон Париз.

Факелот ѝ го предаде на француската олимписка шампионка Лаура Манауду, која му го предаде на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас.

На палењето на огнот му претходеше свечена манифестација во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, министри од владите на Грција и Франција, а започна со интонирање на олимписката, грчката и француската химна, по што се обратија претседателите на Меѓународниот Олимписки комитет, на Грчкиот Олимписки комитет и на „Париз 2024“ Томас Бах, Спирос Капралос и Тони Естанге.

Во нивните поздравни говори се осврнаа на важноста на Олимписките игри и на пораката што ја испраќа олимпискиот оган.

Вчера, по генералната проба и во пресрет на денешната манифестација, претседателот на грчкиот олимписки комитет и претседателот на европските олимписки комитети Спирос Капралос, заедно со претседателот на МОК Томас Бах, во археолошкиот музеј на античка Олимпија ја потпишаа Декларацијата за олимписко примирје од градоначалниците на античка Олимпија, Илида и Спарта, во координација со Меѓународниот центар за олимписко примирје.

Олимпискиот оган од античка Олимпија, штафетното ќе патува низ цела Грција, во следните 11 дена, ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји со помош на 600 лица.

Ќе ја помине целата земја, од најјужната до најсеверната точка, од исток до запад, од Крит до Александруполи и од Крф до Кастелоризо, поминувајќи низ 13 региони, седум острови, 43 градови, 41 општина, пет заедници, 10 археолошки локалитети и два олимписки музеи во Атина и Солун.

Следниот петок, на 26 април ќе пристигне во Атина, каде што во попладневните часови на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските Олимписки игри „Пекинг 2022“ и Летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.

Летните Олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

2024 Олимпија Олимписки игри олимписки оган Париз ХЕРА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.