Во Белгија е извршена еутаназија на малолетник, што е прв случај на примена на оваа можност која државата ја усвои во 2014 година, изјави претседателот на државниот одбор за еутаназија.
Вим Дистелманс во соопштението напиша дека за овој прв случај му јавил локален лекар. Малолетното лице било во критична состојба, но нема повеќе информации.
Белгија еутаназиајата ја одобри во 2002 година, а пред две години ги менуваше правилата за да им ја овозможи и на малолетници во безнадежни медицински ситуации.
Тоа е единствената држава на светот која дозволува еутаназија на малолетници во сите возрасти, додека во соседната Холандија тие треба да имаат над дванаесет години.
Во периодот од 2003 до 2013 година во Белгија еутаназирани се 8752 луѓе, извести државниот одбор за контрола на еутаназија.