Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Белград почна конференцијата „Western Balkans 2030“

0
By Zoran Ivanov on November 12, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Белград претпладнево беше отворена конференцијата „Western Balkans 2030 – Пресвртна точка за регионот“, на која присуствуваат министри, претставници на ЕУ, меѓународни институции и водечки бизнис лидери со цел заеднички да ги дефинираат насоките на идниот развој на Западен Балкан.

Конференцијата има за цел, како што беше наведено на отворањето, да го истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и поврзана Европа.
Исто така, беше нагласено дека целта на конференцијата е да се воспостави како годишен форум за дијалог и соработка и како место каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства.

Слоганот на овој собир, кој се одржува во Сава центарот, е „Една соба. Еден ден. Вистинско влијание“.(One room. One day. Real impact.)

Амбасадорот на Италија во Србија, Лука Гори, изјави дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан денес има ново геополитичко значење и повторно е високо на европската агенда.

По години замор од проширувањето, војната во Украина донесе нова свест и проширувањето сега е безбедносен елемент за Европа, рече тој. Гори оцени дека ЕУ мора да ги усогласи трансформативните и геополитичките димензии на процесот, нагласувајќи дека реформите бараат време, но дека геополитичката игра е веќе во тек.

Според енго, ЕУ мора да ги реформира сопствените институции за да биде подготвена да прими нови членови и да го забрза процесот на пристапување.

Тој нагласи дека не можат да бидат задоволни ако само Црна Гора и Албанија влезат во ЕУ, додавајќи дека Италија сака сите земји од регионот да станат членки, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди стабилност и просперитет на Балканот.

Сакаме да ги поттикнеме сите земји од регионот да станат членки на ЕУ бидејќи веруваме дека всушност не можеме да создадеме нови пејзажи само со две земји, мора да имаме сè. Но, тоа не зависи од нас, многу зависи од владите на овие земји, особено од владата на Србија, и ја охрабруваме владата на Србија, особено, да им подаде рака на Црна Гора и Албанија и сите тие да станат нови членки на ЕУ што е можно поскоро, рече Гори.

Постојаната координаторка на ОН во Србија, Матилде Мордт, изјави дека трансформациите и инвестирањето во луѓето се клучни за постигнување на целите за одржлив развој до 2030 година. Таа рече дека процесот на трансформација е веќе во тек и дека досега се постигнати околу 70 проценти од поставените цели.

Според неа, 2030 година претставува рок за исполнување на Агендата за одржлив развој, но и тој рок да се совпадне со процесите на европска интеграција.

Мордт ја истакна важноста на човечкиот капитал, образованието и дигитализацијата како основа за одржлив раст, додавајќи дека силните институции, доброто управување и создавањето функционално општество се основа на стабилна средина што привлекува инвестиции.

Денешната конференција е организирана од списанието „The Region“ со поддршка на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС).

Панелите што се одржуваат се посветени на регионалната интеграција и пристапувањето кон ЕУ, зелената транзиција и дигитализацијата.

 

балкан Белград западен конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.