Published: Saturday, June 23, 2018 21:32
Во Белград денеска се одржа Парада на гордоста, уа чесниците парадираа од Пионерскиот до Студентскиот парк во градот. Тие побараа да биде донесен закон за истополови партнерства, трансродовите лица да бидат правно видливи и подобра превенција и лекување на заболените од ХИВ.
Учесниците на парадата носеа транспаренти со натписи: „Тоа што го гледаш не е тоа што го пишува“, „Нулта толеранција за насилството“ и „Превенција на злосторствата од омраза“.




