Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Берово ќе биде доставена вода со цистерни поради зголеменото присуство на манган во водата од градскиот водовод

0
By Marija Todorovska on November 13, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Берово: По објавената информација за забрана на пиење на водата во Берово поради зголемено количество на манган, од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово. 

Во разговор со надлежните, како што информираат, ќе бидат испратени примероци од вода до неколку лаборатории во државата и во зависност од добиените резултати, граѓаните дополнително ќе бидат известени за состојбата со користење на водата за пиење.

Од вчера во Берово водата е дозволена да се користи само за техничка употреба, откако анализите покажаа зголемено присуство на манган

Дозволеното нормално присуството на манган во водата за пиење треба да изнесува 0,5, додека во добиените резултати за водата во Берово е зголемена  на 0,11, што е нешто што првпат е констатирано по анализите на водата од водоводниот систем во Берово.

-Сепак не треба да се крева паника, иако во текот на вчерашниот ден, граѓаните за кратко време ги испразнија маркетите во градот и масовно купуваа вода за пиење.Упатуваме апел до сите стопанственици и сопственици на маркети, да бидат општествено одговорни и доколку сакаат да помогнат на граѓаните со бесплатна флаширана вода, бидејќи секој не може да си дозволи секојдневно да купува, се вели во соопштението од надлежните.

За распоредот и доставата на вода по реони во градот од претпријатието ќе излезат со дополнително соопштение во текот на денот.

Берово вода Водовод манган Цистерни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.