Во турскиот град Кајсери, во близина на автобуска станица експлодира автпмобил-бомба. Армијата јави за најмалку 13 загинати војници.
Нападот се случил во раните утрински часови во близина на универзитетската зграда.
Заменикот премиер Вејси Кајнак соопшти дека нападот со автомобил-бомба бил насочен против турската војска. Тој потсети на последните терористички атентати во Истанбул. Во првото соопштение од армијата стои дека се загинати најмалку 13 војници, а најмалку 46 луѓе се повредени. Меѓу жртвите има и цивили. На телевизиските снимки се гледа изгорената каросерија на автобусот.
Минатиот викенд во две експлозии предизвикани од бомби во близина на стадион во Истанбул беа убиени 44 лица. Одговорноста за двојниот напад ја презеде отцепена група од Курдската работничка партија ПКК.