Шест луѓе загинаа, а десетина се повредени во четирите експлозии кои се случија денеска во Каиро во судирите меѓу симпатизерите на сменетиот претседател Мохамед Морси и египетските безбедносни сили. Во нападите се оштетени зградите на Музејот на исламската култура и Рускиот културен центар. Во првиот напад на полициската станица загинале четворица, а во нападот на местото уште еден човек го изгубил животот, а десетина се ранети јавува AFP.
Последната, четврта по ред експлозија се случила во близина на едно кино, а била предизвикана од рачно изработена бомба. Локалното население излегло на улиците извикувајќи против Муслиманското братство кое го сметаат за одговорно за нападите.
Портпаролот на полицијата генерал Hani Abdel-Latif изјавил дека полициската станица ја нападнал бомбаш, самоубиец кој влетал во барикадата која била поставена околу зградата.
Агенцијата наведува дека никој не ја превзема одговорноста за нападите и потсетува дека исламските екстремисти кои го подржуваат Муслиманското братство и Мохамед Морси извршиле повеќе напади од кога војската изврши државен удар во почетокот на јули минатата година.