Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во четврток и во петок целосно ќе бидат блокирани магистралните патни правци низ Грција

0
By Zoran Ivanov on January 4, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 4, 2026 19:35

Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска со учество на претставници на 62 блока од целата земја.

На масовниот состанок одржан во Малгара во близина на Солун, претставниците на земјоделците одлучија дополнително интензивирање на протестите, веднаш по Водици што во Грција е на 6 јануари, а целта е земјата да се подели на два дела и да се запрат секакви активности на главните грчки автопатишта.

Во однос на граничните премини, најавите се дека во овие 48-часа ќе постои целосна блокада за камионите, додека пак автобусите и автомобилите ќе се сообраќаат непречено.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Во периодот околу Божиќ и сега пред и по Нова година, земјоделците привремено ги тргнаа блокадите за да го олеснат патувањето на граѓаните за време на празниците.

блокади Грција земјоделци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026

Грција ќе инвестира 420 милиони евра за автопат кон Северна Македонија  

January 4, 2026

50.000 домаќинства останаа без струја во главниот град на Германија – се сомнева на диверзија

January 3, 2026

Двајца загинати во силен земјотрес што го погоди Мексико – причинета е голема материјална штета

January 3, 2026
ФОКУС
January 5, 2026

ЕУ објави изјава за Венецуела: Мора да се почитува меѓународното право – Унгарија игнорира

ВЕСТИ January 5, 2026

Европската Унија повика на смирување на тензиите и воздржаност од сите актери во Венецуела во…

Софија: Ако козата лаже рогот не лаже – бугарското МНР му одговори на Мицкоски дека јазикот е внатрешно прашање на Северна Македонија и не претставува тема на билатералните односи

January 5, 2026

Пекинг до Вашингтон: Веднаш ослободете го Мадуро

January 5, 2026

Трамп: Апсолутно ни е потребен Гренланд

January 4, 2026
ТИКЕР

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026

Грција ќе инвестира 420 милиони евра за автопат кон Северна Македонија  

January 4, 2026

50.000 домаќинства останаа без струја во главниот град на Германија – се сомнева на диверзија

January 3, 2026

Двајца загинати во силен земјотрес што го погоди Мексико – причинета е голема материјална штета

January 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.